Вести Македонија Топ вести

Нови тензии во Судскиот совет- по жестока кавга делумен договор околу продолжување на постапките за избор на нови судии

До избор или санкции за судии во предизборието нема да може да дојде, но овие постапките ќе можат да се водат до одредена фаза. На пример, кандидатите ќе може да прават психолошки тестови но, фазата за интервју или избор се става во мирување.

Мнозинството членови даде поддршка за вакво решение откако не беше изгласан првиот предлог да се стави вон сила претходниот заклучок на Судски  и со тоа целосно да се тргне рампата за постапките да можат да одат до крај.

Според изменетиот заклучок Советот ќе може да одлучува и според итноста и неодложноста. Но до ваквиот исход дојде по низ неколку часовна дебата, спротивставени правни толкувања и дилеми но и високи тонови обвинувања.

Она што ги разбранува сомнежите на денешната седница е што два пати резултатите од гласањето не го отсликаа расположението од дискусијата, а пак дел од членовите реагираа дека некои говорат едно а друго притискаат на системот за гласање.

При прегласувањето со кревање рака и во двата случаи се покажа разлика во еден глас.

Не беше едногласно но, сепак мнозинството членови се согласија дека нема пречки во предизборието и судиите да гласаат за свои претставници во судскиот совет.

Ќе продолжи постапка за избор на два члена, еден од редовите на врховните судии и еден од битолското апелационо подрачје. Дебата за овие точки траеше неколку часа, а истакнувањето на препораките на оценската мисија ја вжешти атмосферата.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Долгорочни кредити за нови компании од младите, укинување на данокот за купување на стан во кој живее газдата, 13 пензија – дел од економските мерки на ЗНАМ

Дејан Дејан

Инвестиции од половина милијарда евра, минимална плата од 800 евра – коалицијата „Вреди“ ја промовира програмата „План 2030“

Дејан Дејан

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Спасовски мирно спие со сознанието дека се пропишани драконски казни за дела кои луѓето не ги направиле на 27 април?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе