Кина ја комплетира најголемата опсерваторија во светот за набљудување и предвидување на соларни бури и други вселенски временски услови

270

Кина ја заврши револуционерната мрежа за следење на временските услови во вселената додека ја поттикнува глобалната соработка и го унапредува разбирањето на вселенското време.

Кина означи значајна пресвртница во следењето на времето во вселената со комплетирањето на најголемата светска мрежа на опсерватории.

Развиен во текот на осум години со инвестиција од повеќе од 1,5 милијарди јуани, кинескиот проект Меридијан, предводен од кинескиот Национален вселенски научен центар (NSSC) во Пекинг, ја покрива Кина во два појаси – од север кон југ и од исток кон запад.

Ова достигнување, според директорот на NSSC, Wang Chi, овозможува сеопфатен мониторинг – од Сонцето, преку сончево-копнениот простор, до атмосферата на Земјата.

Целта на проектот – да се подобри разбирањето на вселенските временски услови

Целта на проектот е да се подобри разбирањето на вселенските временски услови кои можат да ја нарушат работата на сателитите и да влијаат на енергетските мрежи на Земјата. Wang Chi нагласува дека проектот не само што ја штити кинеската вселенска инфраструктура, туку и ги турка кинеските научници во првите редови во истражувањето на вселенското време.

Проектот е финансиран од кинеската Национална комисија за развој и реформи и одговара на растечката потреба да се разбере и предвиди соларната активност и потенцијалното влијание врз различни технологии. Мрежата се состои од речиси 300 инструменти, вклучително и некои од најмоќните во светот, кои покриваат должина од 100-120 степени источно и географска широчина 30-40 степени на север.

Две фази од проектот

Во својата прва фаза, кинескиот проект Меридијан инсталира 87 инструменти низ целата земја, од градовите Mohe на север до Hainan на југ и од Шангај на исток до Lhasa на запад. Заедничкиот напор, кој траел од 2008 до 2012 година, вклучува 12 кинески институти и универзитети, интегрирајќи радари, јоносонди, магнетометри, истражувачки ракети и други капацитети за интердисциплинарни вселенски временски истражувања.

Во втората фаза, од 2019 до 2023 година, на мрежата се додадени околу 200 инструменти со вкупно 44 категории инструменти. Вселенскиот физичар Shun-Rong Zhang од опсерваторијата Haystack на MIT ја пофали импресивната кинеска мрежа, која ефикасно интегрира различни инструменти во еден систем, за разлика од одделните истражувачки тимови во САД и Европа.

Меѓународна компонента

International Meridian Circle Program (IMCP), замислен пред повеќе од десет години, планира да ја прошири мрежата на глобално ниво за да вклучи 5.000 инструменти во многу други земји. Кинеската иницијатива веќе привлече партнери како што е опсерваторијата Haystack на MIT, поттикнувајќи ја соработката на глобално ниво.

IMCP одговара на зголемената потреба за точни предвидувања на сончевата активност, особено геомагнетните бури на Земјата предизвикани од таа сончева активност. Ваквите бури историски предизвикаа значителни нарушувања, како што беше прикажано со прекинот на електричната енергија во Quebec во 1989 година и неуспехот на мисијата „SpaceX Starlink“ во 2022 година поради неочекувана геомагнетна бура.

Кинеската мрежа вклучува напредни објекти како што е Соларниот радио телескоп Daocheng (DART) во провинцијата Sichuan, оперативен од јуни 2024 година. DART, најголемиот радио телескоп со синтетичка бленда во светот, е фокусиран на откривање на коронални масовни исфрлања, главната причина за геомагнетни бури на Сонцето. Покрај тоа, островот Hainan се днаоѓа Sanya Incoherent Scatter Radar, најсовремен детектор за јоносферска динамика.

Опремата развиена за време на втората фаза од кинескиот проект Меридијан се очекува да постави нови стандарди во 2024 година, нудејќи невидени можности за истражување на вселенското време и придонесувајќи за потенцијалот на IMCP како меѓународен голем научен проект предводен од Кина, во очекување на одобрување за финансирање од кинеската влада.