Помошник на Алонсо славеше кога виде дека Баер во полуфиналето ќе игра со Рома, а не со Милан (Видео)

Тренерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо, откако се пласираа во полуфиналето на Лигата на Европа, со соработниците на теренот во Лондон гледаа каков е исходот од дуелот во Рим, каде што Рома и Милан водеа битка од која победникот треба да игра со новиот германски првак.

Видоа дека резултатот е во полза на Рома, дека Милан е во аут, а едниот од помошниците на Алонсо направи гест кој римјаните може да го искористат како мотивација во полуфуналето против Баер.

Тимот од Леверкузен сезонава има серија од 44 меча по ред без пораз. Рома лани го елиминираш Леверкузен во полуфиналето, па Фармацевтите ќе имаат шанса за реванш. Можеби затоа прославуваа што ќе играат двомеч со Рома или можеби славеа затоа што се плашеа од Милан.

- Оглас -

Најнови вести