Ван Дајк заминува од Луверпул? Слот: Знам само едно нешто…

Ливерпул може да го загуби ѕвезденото трио Вирџил ван Дајк, Мо Салах и Трент Александер-Арнолд престојното лето и тоа без надомест со оглед на тоа што договорите на овие фудбалери истекуваат и тие се слободни да ја бираат новата средина.

Засега не се водат конкретни преговори за продолжување на соработката па така се јавија гласини дека капитенот Ван Дајк лесно би можел да се пресели во Баерн Минхен од каде добил примамлива понуда. Гласините сега ги прокоментира и неговиот тренер Арни Слот.

„Не знам што се случува. Знам само една работа, а тоа е дека сакам Вирџил да биде тука и следната година. Се останато, договорот, преговорите… Тоа не е моја област“, изјави Слот.

Ван Дајк е дел од Ливерпул од 2018 година каде пристигна од Саутемптон. Низ годините се наметна како еден од најдобрите стопери на денешницата предводејќи ги „црвените“ до титули.

Се вчитува...