Новата фотографија на Надал предизвикува ШОК И ТАГА: Сите се прашуваат – каде го снема ФРАЕРОТ, поради кого и жени гледаа машки тенис

Рафаел Надал порано беше причината поради која многу жени гледаа тенис. Маичка без ракави за да ги покаже неговите извајани мускули, долгата коса и типичниот огнен шпански темперамент беа доволни за да ја добие титулата за најпосакуван спортист. Сепак, природата и времето изгледа го направија своето, па многумина коментираат дека популарниот тенисер денес не изгледа ниту половина привлечно како порано.

Љубителите на белиот спорт го немаат видено славниот Рафаел Надал на теренот од јануари, а повредата на колкот изгледа е посериозна отколку што некој очекуваше. Со хроничните проблеми што ги има со колената со години, голем број експерти се сомневаат дека тој некогаш ќе се врати на тенисот и ќе се „конкурира“ за најголемите трофеи, што не го спречува надалеку познатиот Шпанец да патува и да објавува нови фотографии – што навистина крена бура поради неговиот изглед.

Селфито предизвика бурни реакции

На поранешниот Твитер почна да кружи едно селфи на кое тенисерот не се покажа во накдобро светло и тоа предизвика хумористични, па дури и злонамерни коментари.

Некои корисници на Твитер дури, во обид за иронија и хумор, напишаа дека изгледа како „пријател кој не успеал поради дрогата“.

Факт е дека со текот на годините косата на Надал се проретчува и таа возраст му остави брчки на лицето, но ако се погледнат некои други неодамнешни фотографии, јасно е дека тенисерот од Мајорка, кој освои дури 22 Грен слем титули, само лошо позираше на контроверзната фотографија која ја коментираа сите од Твитер и Тик Ток до Фејсбук и Инстаграм.

Се подготвува да се врати на тенисот


И додека неговата фотографија непречено патува низ пространствата на социјалните мрежи, 37-годишниот тенисер се подготвува да се врати на големата сцена и покрај неверните томи, а првиот турнир на кој ќе настапи по пауза од неколку месеци ќе биде онаа во Барселона.