Комбе излета од автопатот Миладиновци- Штип, има повредени

од Stefanija Kuzmanovska

Три лица се здобиле со повреди, од кои едно со тешки повреди вчера на автопатот Миладиновци- Штип.

„Товарно моторно возило ‘форд’ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.С.(31) од с.Елово-општина Студеничани, излета надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Џ.Џ.(38) од с.Црн врв, а со телесни повреди се здобиле возачот и сопатниците Н.Ш.(36) од с.Елово и И.С., констатирани во Клиничкиот центар Штип“, соопши МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа.

Слични содржини