H&M, нова дестинација за шопинг! По неверојатниот успех на претходни две продавници, еве информација за отворање на третата продавница на модниот бренд H&M. Таа ќе биде сместена во самото срце на Skopje City Mall, нудејќи уникатно искуство за шопинг.
-Оваа нова експанзија ја покажува нашата посветеност да им обезбедиме на нашите вредни клиенти во Скопје уште поудобен пристап до нашите производи и услуги. H&M ќе понуди модна инспирација за целото семејство на површина од 1.477 m2. За нас во H&M, задоволството на клиентите секогаш било и останува наш приоритет Одлуката за отворање на трета продавница во Скопје е резултат на позитивниот одговор и верноста што ја демонстрираа нашите клиенти. Со посветеност на квалитет и услуга на клиентите, успешно го проширивме нашето присуство, а нашата нова продавница во Skopje City Mall е доказ за нашиот раст и доверба на клиентите – изјавија од тимот на H&M.
Работните часови ќе бидат од понеделник до сабота, од 10:00 до 22:00 часот, а во недела и празници од 10:00 до 20:00 часот.
Нема коментари