Цена на паркинг место во Холандија достигна пола милион евра евра

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Паркинг место кај Фонделпарк, најголемата зелена површина во Амстердам, се продава за речиси пола милион евра, што е шокантна цена за Холандија каде што цените во моментов се во пораст.

Местото е огласено на огласник за недвижности за 495.000 евра, и најскапо е во земјата.

Површината е 18 метри квадратни и се наоѓа во затворен комплекс на најпознатата и најексклузивната трговска улица во Холандија.

Огласот ја шокираше Холандија која е погодена од тешка станбена криза. Пазарната цена на паркинг местото е повисока од просечната цена на стан во Холандија, која достигнува 430.000 евра според податоците на крајот на 2023 година.

„Местата за паркинг се ретки, и вредноста им е се повисока, но такво место нормално не вреди пола милион евра“, наведува РТЛ.