БОМБА ОД ИТАЛИЈА: Димитријевиќ потпишува тригодишен договор со Олимпија Милано

Најдобриот македонски кошаркар Ненад Димитријевиќ следната сезона ќе го има својот прв ангажман во Евролигата откако ќе потпише договор со италијанскиот гигант Олимпија Милано, пренесуваат медиумите од Апенините.

Димитријевиќ по одличниот настап во руската ВТБ лига каде е актуелен МВП и од регуларниот дел од сезоната, но и од плеј-оф серијата минатата година е на радар на најдобрите европски тимови.

Тој се очекува да биде второ засилување за италијанскиот тим за следната сезона по Џош Нибо, а со „манекените“ се очекува да потпише договор во траење од три години. Популарниот Нено професионалната кариера ја почна во Хувентут, а во кариерата покрај Уникс Казањ за кој игра во моментов, настапуваше и за Валенсија.

Се вчитува...