Search

Силата ЕУ Младите ја издадоа втората епизода на нивниот поткаст

Новата епизода гласи со името „Поткаст #2 – Млади музичарки и нивниот професионален развој“. Истиот можете да го слушнете на овој линк.

Вториот поткаст на платформата СИЛАТА ЕУ МЛАДИ во фокус става две млади девојки од Македонија, кои своето образование и професионално делување, како во земјава така и надвор од неа, го имаат во полето на музиката, но и во пошироката сфера на уметноста и културата. Следејќи го нивниот поттик и искуство за професионално делување во полето на музиката, со нив разговаравме за контекстот и можностите во кои младите женски уметници и музичарки денес се развиваат. Дискусијата опфати различни аспекти од нивниот развој како музички професионалци, меѓу кои: можностите за формално и неформално образование и важноста за негов трансфер; што значи да се делува од позиција на самостоен музичар/културен актер во земјава и да се соработува со останатите културни чинители во реализација на своите идеи; потребата за афирмација на уметноста на жените авторки и изведувачи; можностите за одржливост, професионален и кариерен развој отворени преку европските соработки во уметноста и културата; како и за промените во начинот на кој се создава, прима и перципира уметноста денес, во контекст на дигиталната средина.

Гостинки во вториот поткаст беа:

Ива Дамјановски, дипломирана пијанистка, моментално на магистерски по Музикологија во Италија и клавир и композиција во Македонија на УКИМ. Авторка и изведувачка на музика, дел од бендот „Алембик“, кураторка и организаторка на различни проекти и фестивали во полето на музиката, наградувана поетеса и автор на научни трудови во уметноста и музиката.

Мартина Баракоска, дипломира популарни жанрови – удирачки инструменти на ФМУ, магистрира џез музика на музичка академија во Штип. Авторка, изведувачка и професорка по музика. Таа е дел од различни музички состави од кое еден од најпознатите домашни бендови „Фанк Шуи“. Добитничка е на повеќе награди во земјава како музичарка и женски тапанар.

Поткастот е концепциски осмислен од Виолета Качакова која во улога на модератор ја водеше дискусијата, која се реализира во соработка со Бруталиск.

Извор: „https://www.facebook.com/photo/?fbid=122135482664188385&set=a.122105397926188385

Најново

Последни колумни