Тага во Аеродром, почина еден од најпрепознатливите навивачи на МЗТ

Кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје Аеродром објави тажна вест дека на 53-годишна возраст ненадејно починал легендарниот навивач Марјан Михајловски-Мац, а во последните години и вработен во клубот кој бескрајно го сакаше.

„Со голема тага и неверување денеска ја примивме веста за смртта на нашиот Марјан Михајловски (53 години), вработен во клубот, еден од најпрепознатливите навивачи и, пред сè, човек вечно посветен на својот МЗТ Скопје Аеродром.

Уште од времето на поранешната држава е меѓу авангардата што прва ги поставува темелите на навивачкото движење во Македонија и, пред сè, во Аеродром, каде што од прв до последен момент ѝ останува верен на својата најголема љубов. Покрај него израснаа многу генерации навивачи на МЗТ Скопје, а во тие кругови до крајот на животот остана можеби и најголема легенда.

Последниве десетина години беше директно инволвиран во работата на клубот, придонесувајќи на свој уникатен начин за освојување на голем број титули и трофеи во Купот на Македонија.

Почивај во мир, наш Мац!“, објавија Штрковите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести