Баерн повлекува финален потег: Го враќа човекот со кого ја освои ЛШ

И натаму трае потрагата по тренер на Баерн Минхен, но и натаму нема сигнали дека тоа би можело да се случи во блиска иднина. „Баварците“ не успеаја со Чаби Алонсо, Јулијан Нагелсман, Роберто де Зерби и со Ралф Рангник, а последен во низата кои ги „откачи“ е и сегашниот тренер Томас Тухел кој најави дека нема индиции за премислување на одлуката дека ќе го напушти клубот.

Затоа Баерн Минхен сега оди по проверено решение. Станува збор за Ханс Флик, кој веќе ја освои ЛШ со Баерн Минхен, и сега тој е идеалното решение за „Баварците“.

Според германските медиуми, Флик давал знаци дека би можел да се врати во таборот на тимот од Минхен. Германецот требаше да заврши во Барселона, но Чави се премисли и најави останување уште една сезона на чело на каталонскиот клуб, па така Флик е отворен за соработка.

Тој го водеше Баерн Минхен од 2019 до 2021 година, а ја освои тројната круна во сезоната 2019/20.

Се вчитува...