Клиперс во Далас израмнија на 2-2, победа на Никс во Филаделфија

Кошаркарите на Лос Анџелес Клиперс успеаја да го израмнат резултатот во победите против Далас Маверикс на 2-2 во првото коло од НБА плејофот откако со 116:111 победија на гости во четвртиот натпревар.

Тоа беше несекојдневен натпревар во кој Клиперс поведоа дури со 55:24 на средината од втората четвртина благодарение на фантастичниот удар за три поена. Но, потоа Кајри Ирвинг се „запали“ и до полувремето со серија кошеви успеа да намали на 66:49. Во продолжение предноста на Клиперс продолжи да паѓа до 78:76 при крајот на третата делница, а во четвртата четвртина Клиперс повторно побегнаа на 92:81. Сепак, Ирвинг со уште еден шут ги врати Мавс во игра и со неверојатно положување над тројца противнички играчи дури го доведе својот тим во водство со 105:104 на 2,13 минути пред крајот. Следеше невозможна „тројка“ од самиот агол на игралиштето на Пол Џорџ за ново водство на Клиперс, а потоа Џејмс Харден со неколку прецизни продори и „леј-ап“ го доведе мечот во мирни води за гостите.

Џорџ и Харден го завршија натпреварот со по 33 ппоени за Клиперс, а на Мавси не им беа доволни 40 поени на Ирвинг и „трипл-дабл“ Лука Дончиќ од 29 коша и 10 скока и асистенции. Сепак, словенечкиот репрезентативец имаше доста проблеми на овој меч, беше во постојан конфликт со судиите, рано дојдве во опасност поради личите грешки а и шутот не го служеше. Оправдување за Дончиќ, донекаде, може да биде повредата на коленото која се чини сѐ уште не е целосно залечена.

Пласманот натаму ќе го обезбеди тимот што прв ќе оствари четири победи, а петтиот натпревар е во Лос Анџелес ноќта од среда кон четврток.

Малку претходно Њујорк Никс поведоа со 3-1 против Филаделфија 76ерс, благодарение на победата од 97:92 на гости во четвртиот натпревар и се на само една победа до пласман во второто коло.

За жал, во таа победа на Никс се повреди хрватскиот ветеран Бојан Богдановиќ и тоа по само 1,11 минута мината на паркетот, откако Николас Батум падна на левиот зглоб и го онеспособи 35-годишниот мостарец до крајот на натпреварот, а можеби и на подолго време.

Јунак на победата на Никс беше Џејлен Брунсон, кој постигна 47 поени, со што постави нов личен рекорд во плеј-офот, но постави и нов рекорд по бројот постигнати поени од еден играч на Никс во натпревар во пост-сезоната. Претходниот рекордер беше Бернард Кинг, кој пред точно 40 години во два наврата постигна 46 коша.

Брансон целосно ја презеде офанзивната игра на Никс, со 47 поени и 10 асистенции, додека ОЏеј Ануноби додаде 16 гола и 14 скока.

За Сиксерс, Џоел Ембиид постигна 27 со 10 скока, а Тајрис Макси додаде 23, но домаќините не постигнаа ниту еден кош од поле во последните пет минути. Колкава конфузија владееше во домашниот тим на крајот покажа и ситуацијата на 7,5 секунди пред крајот на дуелот кога при резултат 95:92 Кајл Лоури намерно промаши слободно фрлање, високите играчи успеаја да ја дофрлат топката кон линијата за три поена, но ниту еден од двајцата бека, Макси и Оубре немаа поим дека Лоури ќе оди по промашувањето, па не беа ни подготвени да ја прифатат топката.

Иако во последната четвртина играа без центар, во решавачките моменти од натпреварот Никс успеаја да фатат неколку топки под обрачот на противникот, што им донесе нови можности за гол, кои ги искористија.

Никс ќе ја имаат првата од трите шанси за четврта победа во вторник во својот „Медисон Сквер Гарден“.