СПОРТФУДБАЛ

Беса и официјално ќе биде промовирана како нов прволигаш

Денеска се игра 27. првенствено коло во кое Беса и официјално ќе биде промовирана како нов прволигаш. Тимот од Џепчиште заслужено е лидер на табелата и за првпат во историјата од следната сезона ќе игра во елитата. На прославата на стадионот во село Врапчиште доаѓа Охрид Лихнидос.

Пелистер на домашен терен го пречекува Тетекс, а Детонит Плачковица е домаќин на Каменица Саса. ФК Скопје на „Автокоманда“ ќе ја нагости Победа, Арсими ќе се сретне со Башкими, а Вардар Неготино ќе игра против Осогово. Караорман на домашен терен ќе ја пречека Беласица, а Кожуф во Гевгелија ќе игра против Новаци. Натпреварите од 27.коло во Втората лига почнуваат од 16 часот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button