Во Италија ќе се навива за Атлетико, во Барселона за Борусија Дортмунд

Дали Атлетико Мадрид или Борусија Дортмунд ќе одат во полуфиналето на Лигата на шампионите не им е сеедно ниту на Италијанците, а исто така ниту на Каталонците, кои си имаат свои сметки.

На Италијанците им одговара Атлетико да ја елиминира Борусија за Серија А речиси сигурно да добие и петти клуб во Лигата на шампионите за следната сезона.

Доколку Атлетико го елиминира Дортмунд од четвртфиналето, Германија ќе има мала шанса да ја престигне Италија на рангирањето на УЕФА во трката за петтото место во ЛШ, кое им следува на двете федерации со најдобри резултати. Без Борусија, од германските тимови во Европа би останале само Баерн и Баер Леверкузен. Ако ја нема Борусија, тогаш на Италијанците им е доволно во полуфинале во своите еврокупови да се квалификуваат Аталанта и Фиорентина, а потоа да имаат барем еден нерешен резултат во полуфиналето.

Од друга страна, кикс на Атлетико ќе ја израдува Барселона бидејќи овие два тима се борат за место на новото Светско клупско првенство, кое следното лето ќе се игра во САД. Но, Барса за да оди на Светско клупско, освен елиминација на Атлетико, мора и самата да го елиминира ПСЖ, а доколку Барселона испадне, нема да игра на Светското клупско првенство во 2025 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести