ПСЖ и Борусија Дортмунд први полуфиналисти во ЛШ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Екипите на ПСЖ и на Борусија Дортмунд со пресврти на реваншите, успеаја да се пласираат во полуфиналето во Лигата на шампионите, и да си закажат меѓусебен дуел.

ПСЖ успеа вечерва на гостувањето кај Барселона да ја надомести негативата од првиот меч, и да слави со 1-4, и со вкупни 6-4 да се пласира во следната фаза. Барселона добро тргна, водеше со 1-0 со голот на Рафиња, а потоа одлучувачки момент беше црвениот картон на Араухо во 29. минута од средбата.

Така ПСЖ стигна до голем пресврт и со головите на Дембеле во 40. минута, потоа на Витиња во 53, и со двата гола на Мбапе во 61. минута и во 88. минута, успеа да обезбеди пласман во полуфиналето.

Во второто полуфинале во Дортмунд, Борусија славеше над Алетико со 4-2 (првиот меч заврши со победата на Атлетико со 2-1). Така „милионерите“ се пласираа во полуфинале, првпат после 11 години кога играа финале против Баерн Минхен.

Бранд и Матсен уште по првиот дел донесоа предност за Борусија од 2-0. Но, Атлетико се врати и успеа да израмни со автогол на Хумелс, и гол на Кореа. Меѓутоа следуваа уште два гола на Борусија преку Филкруг и Сабицер за конечна радост на трибините во Дортмунд.