Трета лига – Исток: Вардарски или Слога Виница, кој ќе игра бараж за Втора лига?

Уште две кола до крајот од тековната сезона во Третата македонска фудбалска лига – Исток, односно сезоната ќе заврши на 12. мај.

Меѓутоа кој ќе игра бараж за влез во Втората македонска фудбалска лига, лидерот Вардарски од Богданци или ланскиот второлигаш Слога од Виница која е втора.

На две кола до крајот Вардарски е лидер со 31 бод на своето конто, а пак Слога Виница е втора со 29 бодови или разлика од само два бодови. Двете екипи на овие два натпревари се без право на грешка.

Овој викенд ќе се одиграат натпреварите од 17. коло или претпоследното коло. Вардарски на домашен терен односно на Градскиот стадион во Богданци ќе го пречека тимот на Рудар од Пробиштип, додека пак Слога Виница на домашен терен ќе има тежок натпревар со струмичка Тиверија, која во пролетниот дел игра одлично.

Во последното коло Вардарски ќе има тешко гостување кај моментално последнопласираниот Карбинци, кој се бори за опстанок во Трета лига – Исток. Тешко ќе биде гостување за Вардарски од причина што Карбинци силно ќе ги посакува трите бодови, со цел да остане во третолигашкото друштво на Истокот и за следната сезона, а пак Вардарски ќе нема право на грешка и ќе мора да победи, бидејќи во секој друг случај доколку Слога триумфира во Виница над Тиверија ќе значи дека Слога ќе биде на првото место и ќе игра бараж бидејќи во меѓусебниот дуел Слога е подобра од Вардарски.

Два натпревари до крајот и шест бода во игра, кој ќе погреши на овие два натпревари, а кој ќе игра бараж за влез во Втора лига ќе биде познато на 12. мај.

Александар Ванев, М-Нет