Шок за Ливерпул, Аморим наместо на „Енфилд“ може да заврши во Лондон

Тренерот на Спортинг Лисабон, Рубен Аморим, кој е голема желба на управата на Ливерпул, би можел наместо на „Енфилд“ да заврши во Лондон.

Имено, англиските медиуми доцна синоќа објавија дека Аморим престојувал во Лондон на преговори со челниците на Вест хем за можноста да ги води Чеканите следната сезона.

Вест хем планира на крајот од сезоната да му се заблагодари на актуелниот менаџер Дејвид Мојс, а за тоа колку управата на премиерлигашот од Лондон е сериозна во намерата да го ангажира Аморим, најдобро покажува податокот дека пратила приватен авион по Португалецот за да дојде во Лондон и потоа да има време да се врати во Лисабон за денешниот тренинг.

Англиските медиуми пишуваат дека покрај Аморим, како можно решение за менаџерската позиција го гледаат и Шпанецот Хулен Лопетеги, кој е опција доколку не дојде до договор со актуелниот тренер на Спортинг Лисабон.

Ливерпул веќе неколку месеци е во потрага по наследникот на Клоп, кој најави дека на крајот од сезоната си заминува од „Енфилд“.

- Оглас -

Најнови вести