Учениците се враќаат во училишните клупи, заврши пролетниот распуст за основците и средношколците

Денеска учениците повторно се враќаат во училишните клупи после пролетниот распуст од времетраење од едена недела. Во средните училишта во Штип наставата ја започнале 1858 ученици додека во основните 2827 ученици. Наставата се одвиваше до 11:00 часот со скратени часови, поради претстојните избори каде што итите треба да се уредат.

„Денес е прв училишен ден после пролетниот распуст и во Општина Штип започна регуларно. во средните училишта вкупно наставата ја започнаа 1858 ученика а во основните училишта ја започнаа 2827 ученици. Наставата се одвиваше со скратени часови до 11:00 часот, со тоа што се ослободија местата потоа за уредување на просторот за регуларно одвивање на претстојните избори. Утре е неработен ден со тоа што учениците нема да одат на настава и ќе ја продолжат наставата во четврток“ изјави Санева.

Санева во оваа прилика посочи дека учебната годината за основците е проджена додека за средоното образование останува регуларно. Истакна дека учебните деновите кои беа предвидени за избори исите во целост нема да се обработат, туку само како делови со додавање на еден час или два.

„Годинава е продолжена за основните образованија и таа трае до 17 јуни, а за учениците од средното образование регуларно завршува на 10 јуни. Тие денови како денови целосно нема да се обработат меѓутоа часовите од тие денови ќе бидат обработени не во еден ден туку во повеќе работни денови со додавање на час, два зависно од планот кои што ќе го направат наставниците.“ посочи Санева.

Претојните избори ќе се оддржат утре на 8 мај, каде поголем дел од училиштата кои што ќе бидат гласачки места веќе се во процес на уредување.