Давид де Геа се враќа

од Симе Стоиков

Шпанскиот голман Давид де Геа би можел да му се врати на фудбалот по цела сезона без ангажман.

Де Геа е без клуб откако минатото лето го напушти Манчестер Јунајтед. По подолга пауза, Де Геа ќе се врати во игра, а шпанските медиуми пишуваат дека тој би можел да премине во Реал Бетис.

Клубот од Севиља од лето ќе има потреба од нов голман бидејќи Чилеанецот Клаудио Браво има 41 година и планира да се пензионира.

Бетис сакаше да го врати Де Геа минатото лето, но Шпанецот тогаш бараше превисока плата.

Шпанскиот голман е еден од најдобрите голмани во историјата на Јунајтед, одигра дури 545 натпревари за гигантот од „Олд Трафорд“.

Со години беше еден од најдобрите играчи на тимот, но новиот менаџер Ерик тен Хаг не му веруваше и го пушти да си замине по сезона во која беше прогласен за најдобар голман во Премиер лигата.

Тој наместо Шпанецот, од Интер го донесе Камерунецот Андреа Онана за 50 милиони евра.

Слични содржини