ИЗБОРИ 2024
Избирачките одбори на 8 мај ќе треба да се реорганизираат, на ИМ мора да бидат по 7 лица, наместо по 5 како до сега
Државната изборна комисија на денешната седница донесе одлука избирачките одбори на 8 мај, кога ќе се одржи вториот круг од Претседателските избори и Парламентарните избори да имаат по седум присутни члена во секој момент на гласањето, наместо досегашните пет члена.
Како што беше образложено тоа се прави со цел подобра ефикасност во организацијата на работа, избегнување на гужви на гласачкото место и избегнување на можноста од евентуални грешки.
Првото лице ќе биде задолжено за идентификување на граѓаните според нивните документи. Второто за проверка на отпечаток на биометрискиот уред. Третото ќе ракува со само со избирачкиот список за Претседателските избори, четвртото пак ќе ракува само со списокот за Парламентарните. Петттоо ќе става печат и ќе ги дели гласачките ливчиња само за Претседателските, а шестото гласачките ливчиња само Парламентарните избори. Седмото лице ќе биде одговорно за обезбедување на тајност на гласањето зад параванот и правилно ставање на ливчето во кутијата.
Избирачките одбори бројат вкупно 10 лица и тие тие самите меѓусебе треба да се договорат кој за што ќе биде задолжен и во кој временски период.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот