Ковачевски е против поскапување на осигурителните полиси за автомобили

Според претседателот на Стопанската комора на северозападна Македонија Менди Ќура, како бизнис заедница се против централизирање на цените во која било дејност, оти, како што рече пазарот треба да е слободен и тој треба да делува и тој да одреди цена

Не го оправдувам зголемувањето на цените на осигурувањето од задолжителна автомобилска одговорност, но за тоа врз основа на кое калкулации е направено, може да ви одговори министерот или заменик министерот за финасии или кој било друг задолжен во соодветните сектори во Министерството за финасии или во Владата.

Ова денеска го изјави лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски по средбата со претседателот на Стопанската комора на северозападна Македонија Менди Ќура, посочувајќи дека одговорите за ова прашање треба да се бараат кај надлежните институции.

„Постои регулаторно тело што се вика Агенција за осигурување која практично ги регулира цените и дополнително на тоа Министерството за финансии учествува во регулирањето на цените на осигурителните полиси. За тоа врз основа на кои калкулации е направено тоа зголемување, кое не го оправдувам и тоа сакам да биде јасно наведено, може да ви одговори минисерот или заменик министерот за финасии или кој било друг задолжен во секторите во Министерството за финасии или во Владата“,рече Ковачевски.

Претседателот на Стопанската комора на северозападна Македонија Менди Ќура рече дека како бизнис заедница се против централизирање на цените во која било дејност.

„Секогаш сме против централизирање на цените. Сакаме слободниот пазар да делува. Значи, ние сакаме, нека се нови цените, нека е слободен пазарот. Слободниот пазар треба да делува и тој да одреди цена. Колку што знам во конкретниот случај новите цени не се нови, тие се вратија назад“,рече тој.

Од Агенцијата за супервизија на осигурувањето, која е регулатор на пазарот на осигурување денеска соопштија дека целосно е неоправдан потегот со кој осигурителните компании ги зголемија цените на осигурувањето од задолжителна автомобилска одговорност, како и дека зголемувањето на цената на осигурувањето не е во функција на јакнење на заштитата на осигурениците.

До надлежната комисија при Министерството за финасии, Агенцијата доставила анализа во која се содржани клучните аргументи против зголемување на цената на осугурувањето од задолжителна автомобилска одговорност.

„Врз основа на анализа на историски статистички и финасиски податоци и примените проекции за развој на коефициентот штети на друштва за осигурување, Агенцијата смета дека одлуките на друштвата за осигурување за идентично зголемување на премите за задолжително осигурување од АО не се оправдани“,пишува во анализата на Агенцијата за супервизија на осигурување.

Back to top button
Close