30 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАКинески научници тврдат дека го создале првото „AI дете“: Тонг Тонг ги...

Кинески научници тврдат дека го создале првото „AI дете“: Тонг Тонг ги има сите способности на вистинскo девојче

Група кинески научници велат дека го создале првото „AI дете“ во светот, ентитет што покажува однесувања и способности слични на оние на човечко дете на три или четири години.

Наречено Тонг Тонг или „Мало девојче“, првото дете во светот со вештачка интелигенција се смета за огромен чекор во насока на AGI (вештачка општа интелигенција).

Презентиран на изложбата „Frontiers of General Artificial Intelligence Technology“, иновативниот модел (AI дете) – се вели дека е способен за автономно учење и може да покаже ниво на емоционална ангажираност што досега не е видено во развојот на вештачката интелигенција.

Според неговите креатори на Пекингшкиот институт за општа вештачка интелигенција (BIGAI), Тонг Тонг постојано ги подобрува своите вештини и знаења преку човечка интеракција и истражување.

-Тонг Тонг поседува ум и се обидува да го разбере здравиот разум подучуван од луѓето. Таа го разликува доброто од погрешното, ги изразува своите ставови во различни ситуации и има моќ да ја обликува иднината – според промотивното видео прикажано за време на изложбата.

За време на споменатата изложба во Пекинг, посетителите можеа да комуницираат со девојката и да го набљудуваат нејзиното однесување врз основа на нејзината програма. На пример, кога се програмира да претпочита уредно опкружување, виртуелниот аватар би ја корегирал искривената фотографија на ѕидот, па дури и ќе донесе стол на кој ќе се качи за да стигне до рамката ако е премногу висока. Ако некој истури млеко за време на симулацијата, таа ќе донесе крпа за да го исчисти.

Сепак, една од главните работи што ја издвојува Тонг Тонг од другите креации со вештачка интелигенција е тоа што таа има моќ самостојно да си додели задачи врз основа на нејзините сопствени вредности и идеали. Нејзините креатори тврдат дека таа е способна да учи самостојно и „има своја радост, лутина и тага“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП