14.8 C
Skopje
вторник, април 16, 2024

Пендаровски од Гази Баба: Не бев затворен, не бев изолиран, ниту таков ќе бидам во следните пет години

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски вчеравечер беше со жителите на општина Гази Баба и истакна дека како актуелен претседател, никогаш не бил затворен за јавноста и дека напротив секој имал можност да види што работи претседателот.

„Илјадници луѓе дојдоа во мојот кабинет, се пожалија на проблемите, побараа помош за нивно решавање, не бев затворен, не бев изолиран, ниту таков ќе бидам во следните пет години, ако здравје боже ја добијам вашата доверба“.

Во однос на работата на актуелната политичка структура, Пендаровски рече дека само оваа политичка структура знае што значи да се бориш за македонските национални државни интереси и знае како да ја позиционира Македонија, притоа говорејќи за членството во НАТО, каде земјата е заедно со Америка, Германија, Франција, Велика Британија и со други колоси на меѓународната политика кои ги уредуваат меѓународните односи.

„Ова е океан од проблеми во целиот свет, единствениот вистински пат за нас, единствената гаранција за нашата перспектива, за нашата иднина, за нашата судбина, единствената надеж за овие млади луѓе тука да успеат, тука да просперираат, тука да се вработат, тука да оформат семејства, е само западниот пат и западната Алијанса. Најдобрите универзитети се таму, најдобрите здравствени системи се таму, најнезависните судски системи се таму, ние се стремиме да бидеме таму, за да бидеме како нив. Да добиеме, не пари, од кај нив да добиеме ум принципи и вредности врз кои ќе ја уредиме нашата Македонија да личи на просечна европска развиена и просперитетна земја, затоа што тоа е единствената опција“, истакна Пендаровски

Граѓаните побараа коментар од Пендаровски во однос на изјавата на Силјановска дека не постоеле историски прашања во врска со францускиот предлог, но дека во исто време зборува за некаков бугарски диктат и постојано го заплашува народот.

„Морам да ви кажам дека по првпат после подолг временски период потполно се согласувам со таа теза на Гордана Силјановска Давкова. Историските прашања не се предуслов за наш напредок кон Европа. Само една друга работа ме чуди, дали е свесна дека со таа изјава ја закопа целокупната политичка пропаганда на партијата која ја предложи, која две ипол години наназад главите ни ги полни со тоа дека без да се пишеме Бугари, само како Бугари може да влеземе таму. Тоа не знам, веројатно била многу искарана после тоа од Мицкоски, од другите бидејќи друга политичка понуда и платформа немаат за овие избори. Само велат не на европскиот предлог, како Бугари ќе сме влезени. Твојот кандидат за претседател на држава лично избран од него вели дека историските прашања не се предуслов за тоа. Сега на кого да му веруваме? Јас мислам на ниту еден од нив“, одговори Пендаровски.

Исто така, граѓаните имаа интерес за став на Пендаровски за изјавата на Гордана Силјановска Давкова дека не го познава од студентските денови, на што Пендаровски возврати дека и тој исто така не ја памети и објасни дека нејзиниот сопруг само еден семестар бил помлад асистент, а кратко време бил и библиотекар на правниот факултет. „Потоа влезе во приватни бизнис води и потоа знаете стана еден од најголемите транзициски олигарси во Македонија“, потенцираше Пендаровски.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести