16 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропските индекси ја започнаа неделата со раст, цената на златото падна, нафтата...

Европските индекси ја започнаа неделата со раст, цената на златото падна, нафтата од типот брент под 89 долари

Европските и американските берзански индекси денеска се во пораст, цената на златото падна, додека суровата нафта од типот „брент“ се продава за помалку од 89 долари за барел.

Индексот DAX на Франкфуртската берза денеска во 9 часот порасна на 18.166,91 поени, лондонски FTSE 100 на 8.182,15 поени, францускиот CAC 40 на 8.123,94 поени, а московскиот MOEX на 3.470,24 поени.

Вредноста на американскиот берзански индекс Dow Jones порасна на 38.239,66 поени, индексот S&P 500 на 5.099,96 поени, а вредноста на индексот Nasdaq на 15.927,90 поени.

Според податоците на берзата, цената на суровата нафта паднала на 83,02 долари, а на нафтата од типот „брент“ на 88,5 долари.

На отворањето на берзата ТТФ се продаваа европски фјучерси на гас по цена од 28,85 евра за мегават-час.

Цената на златото падна на 2.329,10 долари за унца, а на пченицата на 6.0044 долари за бушел (бушел е еднаков на 27,216 кг). Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,07151, што е за 0,21 отсто повисока од петокот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП