(ВИДЕО) Спектакл во Рио: Мадона одржа концерт пред два милиони луѓе

Од:

Кралицата на попот Мадона во саботата на плажата Копакабана во Рио де Жанеиро го одржа последниот концерт од својата турнеја „Celebration“, а се проценува дека на спектаклот присуствувале меѓу 1,6 и 2,2 милиони луѓе. Глобалната музичка икона на 65 години урива рекорди, го собори рекордот на Дијана Рос и овој настап сега и официјално е најпосетениот концерт на жена уметник во историјата.

Мадона пристигна во Бразил пред четири дена, а хистеријата која владееше во Рио де Жанеиро и ширум земјата може да се спореди со деновите на нејзината популарност во раните осумдесетти. Мадона со себе понела тим од неколку стотици луѓе и камиони за влечење со стотици тони опрема. Ова воедно беше нејзин 81-ви концерт од мегауспешната турнеја со која ја прослави својата 40-годишна кариера.

Концертот беше бесплатен, а беше финансиран од најголемата банка во Латинска Америка како подарок за граѓаните.

Кралицата на попот, концертот го започна со песната „Nothing really matters“. Следеа хитовите „Holiday“, „Into the groove“, „Hung up“, а за време на изведбата на песната „Music“ на Мадона на сцената и се придружи трансродовата бразилска ѕвезда Пабло Витар. Со музичка сценска изведба, Мадона направи одлична ретроспектива на кариерата и животот – од почетоците во Њујорк каде што дојде од Мичиген со 35 долари – до најуспешната жена во светот на музиката на планетата.

Додека кралицата на попот ја пееше „Live to Tell“, огромните видео екрани поставени низ Копакабана прикажуваа слики од нејзините пријатели, уметници и луѓе кои починаа во 1980-тите за време на епидемијата на СИДА.

На Мадона на сцената и се придружија нејзините посвоени деца – Мерси, Естер, Стела и Дејвид и сите учествуваа во шоуто. Бразилската ѕвезда Анита беше една од гостите.

Мадона ја распродаде турнеја „Celebration“ за само неколку дена, но потоа разви сериозна бактериска инфекција која ја одведе на интензивна нега. Таа се бореше за живот, а речиси еден месец не можеше да оди. Сепак, таа одлучи да оди на турнеја и успеа да го одржи секој концерт без откажување.

Пред неколку месеци Гинисовата книга на рекорди официјално потврди дека Мадона е најпродаваната женска уметница на сите времиња, а по синоќешниот концерт го држи и рекордот во категоријата за најпосетен концерт на женски уметник на сите времиња.

Би можело да ве интересира

Мадона на последниот концерт призна: Се соочува со уште еден здравствен проблем

Предраг Петровиќ

Мадона на бизарен начин се обиде да се скрие од новинарите

Предраг Петровиќ

Мадона : „Среќна сум што сум жива, љубовта од семејството и пријателите е најдобар лек

Предраг Петровиќ

Се јави Мадона, првпат по хоспитализацијата

Предраг Петровиќ

Нови детали за опоравувањето на Мадона

Се чуваше во тајност: Пред да ја најдат во бесознание , Мадона работела на таен проект

Предраг Петровиќ