ВЕСТ НА ДЕНОТ
Експлозии во Иран, медиумите јавуваат за израелски напади
Иранските државни медиуми утрово објавија за експлозии во центарот на Исфахан додека американските медиуми цитираа официјални лица кои тврдат дека Израел извршил одмазднички напади врз својот главен ривал.
Системите за ПВО над неколку ирански градови беа активирани, објавија државните медиуми, откако државната телевизија соопшти дека експлозии се слушнале во близина на централниот град Исфахан.
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ги повика Иран, Израел и нивните сојузници да се воздржат од натамошни дејствија на Блискиот Исток.
„Апсолутно е неопходно регионот да остане стабилен и сите страни да се воздржат од понатамошни дејствија“, рече Фон дер Лaјен за време на посетата на Лапенранта со финскиот премиер Петер Орпо, на околу 25 километри од руската граница.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
Како што ветив, платите на културните работници од денеска се покачени за 12%. Оваа Влада предводена од СДСМ се грижи подеднакво за сите. Од 2019 година до денес, покачувањето на платите во Секторот култура се искачи на 52%, со потпишувањето на Колективниот договор, изјави министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска.
ФЛЕШ ВЕСТИ
ИЗБОРНА ХРОНИКА: Внатрешната блокада боли повеќе, Правда кога ќе дојдат вистински луѓе, Пред одлука за интеграција или изолација
ИНТЕГРАЦИИ Учесниците на состанокот организиран во Љубљана од Институтот на пријатели на Западен Балкан се залагаат за проширување на ЕУ во земјите од регионот, но и укажаа на предизвиците со кои се соочува.
СВЕТ Грузиската претседателка Саломе Зурабичвили по серија изјави во меѓународниот печат, вчера во интервју за Си-Ен-Ен изјави дека контроверзниот нацрт-закон за странски агенти е дел од руската „хибридна војна“.
КОНФЛИКТИ Победничката фотографија на World Press Photo 2024 е на Мохамед Салем кој работи за агенцијата Ројтерс.
ВОЈНА ВО УКРАИНА
РУСКИ РАКЕТЕН ТЕРОР: Двајца загинати, 15 повредени кога руска ракета погоди станбен блок во Днипро
*
Украинските копнени сили објавија видео на кое се гледа падот на рускиот бомбардер Ту-22М3 на територијата на Ставропол, кој беше дел од силите кои лансираа ракети кон Украина во раните утрински часови во петокот, 19 април. Снимката што ја пренесува Укринформ беше поставена на Фејсбук страницата на копнените сили на Украина.
*
Комитетот за правила на Претставничкиот дом доцна во четвртокот вечерта унапреди пакетот закони за странска помош, вклучително и нацрт-законот за помош на Украина, но само благодарение на помошта од демократите кои, во редок чин, го поддржаа процедуралното гласање поради противењето на триото тврдокорни републиканци.
ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
Зоран Бојаровски, новинар, со порака: Со својот глас грѓаните треба да знаат дека учествуваат во создавњето на сопствената иднина!
СЛОБОДНА ЗОНА
„Во седумдесеттите години на минатиот век во рамките на Белградскиот интернационален театарски фестивал (БИТЕФ), како една од најугледните манифестации на Европската културна сцена, со забележлива љубопитност се дочека првото меѓународно гостување на Театарот „Тагањка“, кој во Советскиот сојуз се третираше како второстепена алтернативна сцена, вон од репрезентативност на централните театри во Москва и другите градови со белег на репертоарски, претежно класични драмски дела и набљудувана слобода во уметничкиот приод и теоретски трепет над позначајни интервенции во режисерско-драматуршкиот израз“, пишува Борко Зафировски во колумната „Грузиско пиле и Принцот Хамлет, во режија на Љубимови и Возљубени“.
*
Знам јас дека Стоиљковиќ нема пред пензија да ги менува своите ставови, ама прашајте јавно дали неговите позиции ги споделува ВМРО-ДПМНЕ како стожерна партија во коалицијата, на чело со Мицкоски, Силјановска, Николовски и Мисајловски. Сега освен за Резолуцијата за Сребреница во ОН, можете да ги прашате и за членството на Косово во Советот на Европа. И прашајте побрзо, Стоиљковиќ е во кампања, многу брзо ќе наметне нови теми, пишува Џелал Хоџиќ – Џељо.
Д. Муратов