Младо момче со „ауди“ се судри со камион – тешко е повреден

На 19.03.2024 околу 01.05 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Прилеп – Битола, во близина на Прилеп, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „ман“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Д.М.(58) од Битола и патничко возило „ауди“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Д.К.(20) од Прилеп. Во несреќата возачот Д.К. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во болницата во Прилеп. Увид на местото извршила екипа од СВР Битола.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e