Поврзете се со нас

Евролига

Барселона и Монако го возвратија ударот во четвртфиналните битки во Евролигата (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/FCBbasket

Екипите на Барселона и Монако се изборија за важни победи над Олимпијакос, односно Фенербахче во вечерашните соочувања од четвртфиналето во Евролигата.

Двете екипи беа поразени на првите натпревари и едноставно денеска беа под притисок, императив да слават и израмнат во сериите затоа што со водство на противниците од 2-0 ќе беше речиси невозможно да се пласираат на завршниот фајналфор турнир со оглед на тоа што следуваат по два меча на теренот на ривалите.

Каталонците беа подобри од Олимпијакос со 77:69 и тоа во соочување во кое избраниците на Гримау имаа одлично отварање и првата четвртина ја добија со 27:14. Наредните две им припаднаа на гостите, па во последните десет минути се влезе со само плус три за Барса (60:57) која сепак не се дозволи луксуз и ја одбрани „Палау Блауграна“.

Паркер беше во елемент со 24 поени и 5 скока, Ернангомес и Весели додадоа по 11, односно 10 кошеви. Питер на другата страна уфрли 20 кошеви.

Монако пак во средба со доста осцилации го доби Фенербхаче со 93:88. Мотејунас со 18 поени беше најефикасен, Лојд беше втор стрелец со 15, Окобо пак застана на 13 кошеви.

Дорси и Вилбекин искомбинираа 48 поени за турскиот претставник.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни