Словенците со референдум го потврдија законот за деполитизација на јавната телевизија

Словенците во неделата на референдум ги потврдија законот со кој треба да се спречат политичките именувања во националната јавна телевизија, по впечатокот дека медиумската клима во земјата се влошила во текот на мандатот на поранешниот премиер Јанез Јанша.

Повеќе од 62 отсто од гласачите ги поддржале законот, покажуваат резултатите коишто ги објави изборната комисија во текот на вечерта, создавајќи услови за негово стапување на сила веројатно на почетокот од 2023 година.

Неколку медиумски организации, како што е Медиумската организација на југоисточна Европа (SEEMO), со одобрување го поздравуваа амандманот чијашто цел е „да се брани уредувачката независност“ на RTV Sloveniа од „политичкото злоупотребување и до непобитната деструкција“.

Конзервативниот премиер Јанез Јанша, чиј мандат траеше до 2020 до 2022 година, често ги напаѓаше медиумите за пристрасност и политичка некоректност во нападите против неговата влада од неолиберални позиции и врски со одредени политички групации, и ги смени повеќето водечки луѓе во националната телевизија.

Телевизијата потоа беше потресувана од низа штрајкови и протести против измената на програмата и поплаките на притисок на кој биле изложени новинарите, што придонесе Словенија да падне од 36-тпо на 54-то место на годинешната листа на медиумски слободи кои на меѓународната невладина организација Reporters sans frontières (RSF).

Партијата на поранешниот премиер бараше распишување на референдумот за да се потврди новиот закон, донесен набрзо по доаѓање на власт на коалицијата на левиот центар. Според овој текст, владата и парламентот веќе нема да можат да ги именуваат членовите на управните тела во RTV Slovenia и јавниот сервис ќе биде под надзор на групи на цивилното општество – вработените, активистите за човекови права, академијата на науките.

„Направена е непоправлива штета, но уредувачката автономија ќе биде зачувана со овој амандман“, коментираше Хелена Милинкович, портпаролка на главниот синдикат во телевизијата.

Според неа, повеќе од 40 вработени заминале од редакциите кои имаат околу 2.100 луѓе, и тврди дека во меѓувреме дошле десетина новинари кои претходно работеле за медиуми кои наводно биле блиски на Јанша,

„Новиот управувачки систем значително ќе ја ограничи можноста на секоја влада (…) да се меша во работата на јавните медиуми“, истакнуваат RSF и другите потписници во соопштението и оценуваат дека сегашната законодавна рамка е застарена.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.