Што треба да знаете 12 часа по синоќешната претседателска дебата на ТВ21?

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Поминаа 12 часа по емитувањето на првата претседателска дебата меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова пред вториот круг од претседателските избори.

Голем број на реакции и анализи на друштвените мрежи, но еве што треба да знаете до овој момент:

  • Доделување на мандат

„Не се прецизни одредбите што се однесуваат на давањето мандат, треба да има попретцизни одредби така вели компаративното уставно право освен тоа во некоја идна измена претседателот треба да има можност исто така бидејќи има голем изборен легитимитет да некому од предложените кандидати за министри да рече дека нема да го прифати“

изјави Гордана Силјановска Дакова – кандидат за претседател од ВМРО-ДПМНЕ.
  • Најави за бојкот во втор круг

„Повиците од бојкот доаѓаат од политичката структура која ја поддржува г-ѓата Силјановска. Тие зборуваат за декуражирање на другата страна, нема да имаат интерес зошто знаат дека се губитници. Од моја страна, ниту некогаш било кажано ни помислено“

изјави Стево Пендаровски – кандидат за претседател од СДСМ.

Тоа ќе биде уште еден антиевропски чекор бидејќи Венецијанската комисија и ОБСЕ/ОДИХР во 4 најмалку мислења велат дека е тотално нелогично во вториот изборен круг да имате цензус од 40 посто бидејќи тоа е системот на балотажа, кога одат двајца, а еден треба да биде избран со релативно мнозинство

изјави Гордана Силјановска Дакова – кандидат за претседател од ВМРО-ДПМНЕ.
  • ДУИ поддржува бојкот?

Јавна тајна е дека внатре во ДУИ има две струи едните за едните против, инаку мене воопшто не ме интересира дали некој ме поддржувал или не избирачкото право е лично политичко право едно од најважните и граѓаните гласаат

изјави Гордана Силјановска Дакова – кандидат за претседател од ВМРО-ДПМНЕ.

Мене ме запрепастува сознанието на Гордана Силјановска која знае дека внатре во ДУИ има поделба како ги обезбедила тие информации? Со прислушкување, со доушници во таа партија? Јас на пример немам никаков податок што се случува внатре во ДУИ

изјави Стево Пендаровски – кандидат за претседател од СДСМ.
  • Нова Влада

Прво крајно невообичаено е да условувате иако знаете дека нема да бидете победници. Ни на претседателските избори а се разбира ни на парламентарните избори. Обично услови поставуваат оние кои имаат капацитет да состават Влада односно мандаторите

изјави Гордана Силјановска Дакова – кандидат за претседател од ВМРО-ДПМНЕ.

Значи вели не е добро да се поставуваат услови пред изборите да завршат, условите ги поставува изборниот победник, оној кој на крајот победува и тоа е логиката а не претходно не знам зошто тогаш госпоѓата прво вели дека се сигурни победници со 3:1 го знае резултатот пред да заврши бидејќи ќе победат и на претседателски и на парламентарни а условите пред избори ги поставува нејзиниот лидер Мицкоски, кој вели дајте ги гласовите за нашиот кандидат ако сакате да влезете во влада

изјави Стево Пендаровски – кандидат за претседател од СДСМ.
  • Уставни промени

Не како ќе се откочат тие промени, односно како ќе се деблокира нашата блокада кон ЕУ. Партија која 3 години наназад правеше улични процеси против преговарачката рамка, и цело време изјавува дека само како Бугари сме можеле да влеземе во ЕУ, не може да се вади на процедурални работи дали техничкиот премиер ја ставил во фиока или не ја ставил во фиока

изјави Стево Пендаровски – кандидат за претседател од СДСМ.

Тој го стави во фиока и со тоа се самопрогласи за американски претседател кој што на некој начин во џеб ги стави уставните измени, а нема право на тоа. Јас сум за тоа, ги кажав оние кои што можат да предложат уставни измени, тоа тие не го процесуираа инаку ќе се видеше дека слично како и народот, и пратениците внатре, дури и од опозицијата некои мислат слично на мене, дека нема потреба од такви уставни измени на ваков начин

изјави Гордана Силјановска Дакова – кандидат за претседател од ВМРО-ДПМНЕ.