Причината за пожарот засега е непозната
Густ црн чад покри повеќе автомобили, кои денеска гореа на поранешниот полигон за полагање возачки испити под Калето, објави ТВ 21.
Пламените јазици од првичните две се прошириле на вкупно пет паркирани возила.
Причината за пожарот засега не е позната, а на терен се противпожарни екипи.
Во гаснењето на пожарот се вклучени четири противпожарни возила и 13 пожарникари, а интервенцијата е при крај, изјави за МИА Ѕвонко Томевски, командир на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје.