Ноќеска ќе дува многу силен северен ветер до 90 километри на час, а потоа студ

Снег / Фото: EPA-EFE/BALAZS MOHAI HUNGARY OUT

До крајот на денот ќе биде променливо облачно со повремени врнежи, на планините и на повисоките места ќе има снег, а на пониските дожд и снег, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Како што информираат оттаму, ќе дува засилен северозападен ветер кој ќе се задржи и во текот на ноќта кога на повеќе места ќе биде силен, над 80 километри на час, а на планините и над 90 километри на час. Тоа ќе предизвика нагло и значително опаѓање на температурата.

Во Скопската Котлина ќе биде променливо облачно со повремен слаб дожд кој во делови од котлината кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе преминува во снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, кој во текот на ноќта дополнително ќе засилува.

Денеска до 16 часот на Попова Шапка висината на снежната покривка била 64 сантиметри, во Маврови Анови 16, Лазарополе 13, Крушево и Ѓуриште 5, Берово 4 и 2 сантиметри во Крива Паланка. Најмногу дожд наврна во Крива Паланка, 5 литри на метар квадратен.

Ниските температури ќе се задржат и во наредните денови, во понеделник наместа и дневните ќе бидат под нулата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот