Вести Македонија Најважни

Бегалците од кондовската група уапсени во Урошевац имаат и косовски пасоши?

Тројца од четворицата уапсени македонски државјани во Урошевац се и косовски, велат извори на Телма. Со тоа се отвора и патот бегалците од кондовската група предводена од Агим Красниќи спас од екстрадиција да бараат во косовското државјанство, сметаат познавачите. Бесим Красниќи останува во 40-дневен притвор, другите тројца бегалци, Агим Красниќи, Сехад Рамадани и Фадил Точи не се споменуваат во соопштението од Основиот суд во Урошевац.

Со оглед на тоа што косовската полиција со иницијали веќе објави дека се осомничени за тепачка, а Агим Красниќи и за убиство во обид за настан кој се случил во Урошевац лани, за правниците извесно е дека за нив прво ќе има постапка пред косовските правосудни институции. Доколку имаат и косовски пасоши нема да бидат испорачани, изјави за Телма адвокатот Насер Рауфи.

Косовската полиција веќе ја извести македонската за четворицата уапсени. Утре е првиот работен ден по пранзиците, кога се очекува и  македнските институции да преземат и конкретни чекори за екстрадиција.

Притворот за Бесим Красниќи Судот во Урошевац вчера го образложи со потерница од Интерпол, поради сомневање дека е сторител на кривични дела „подготовка на терористички дела и разбојништво“.

„Против обвинетиот е распишана меѓународна потерница од Интерпол, со барања од 2 април во 2005 година и 9 мај во 2008 година од државата Северна Македонија. Б.К. е осомничен дека ги сторил казнените дела во Северна Македонија и на 03.05.2024 година е приведен и уапсен од Единицата за брзи интервенции и Единицата за борба против наркотици во Урошевац“, извести Основниот суд во Урошевац.

Но, не само Бесим Крансиќи, Македонија со меѓународни потерници со години ги бара сите четворица бегалци. Агим Красниќи и Сехат Рамадани се во бегство од февруари во 2020 година, кога не се вратија во штипскиот затвор по слободен викенд, иако имаа да издржат уште околу три години од вкупно 15 години затвор. Бесим Красниќи, пак, се бара за издржување на вкупно 28 и пол години затвор за серија на кривични дела, Фадиљ Точи треба да издржи 41 година и 7 месеци за 10 кривични дела.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе