Борац се засили пред дуелот против МЗТ во Скопје

Следниот противник на МЗТ Скопје во АБА лигата, српски Борац со американско засилување ќе патува во главниот град на Македонија. Нов играч на составот од Чачак е Дианте Балдвин кој веќе има големо искуство настапувајќи го регионалното првенство.

Интересно, тој веќе има и одиграно натпревар против македонскиот шампион претходната сезона во која го носеше дресот на Борац Бања Лука и со 16 поени беше лидер на својот тим во поразот од МЗТ Скопје со 80-73.

Натпреварот против Борец е уште еден во низа главни меча за македонскиот шампион во битката за опстанок во елитното натпреварување. Истиот ќе биде одигран на 10.12. и во него „сино-белите“ немаат право на грешка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by AdmiralBet ABA League (@aba.liga)

Се вчитува...