Четири години локална власт – четири години разочарувања. СДСМ и денеска преку пет последователни прес-конференции со критики работата на градоначалнциите од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Кандидатката за градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова вели, развојот на главниот град се закочи поради бизнис-договори, а Скопје беше уништувано поради партиски профит. -Тие го претвораат градот во свој партиски вилает за да ги спроведуваат партиските агенди. ...
Не престануваат предизборните партиски препукувања, ниту во македонскиот, ниту во албанскиот политички блок. Христијан Мицкоски повторно сака да биде во улога на шпицен градоначалник. СДСМ обвинува дека Орце Ѓорѓиевски е на добар пат да биде истото што и Данела Арсовска. Според партијата, последните четири години ВМРО-ДПМНЕ целосно ги игнорирале интересот на граѓаните. Скопјани добро се сеќаваат: кога Мицкоски и Арсовска делеа задачи и бизниси, ...
Од државниот буџет за финансирање на кампањата за локалните избори ќе се одвојат 9,7 милиони евра. Од нив, две третини ќе одат за приватните медиуми и интернет портали, односно за платено политичко рекламирање. Јавниот сервис не е во овој пакет. Правните експерти велат дека политичките партии мора да имаат посебни сметки, за институциите да ги следат приливите на средства. Забрането е да се примаат странски донации. Без разлика дали трошат ...
Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски, денеска најави почеток на теренска кампања под мотото „Предложи! Вистинската идеја за вашата општина!“. Во периодот од 27 август до 3 септември, партијата ќе собира предлози и идеи од граѓаните за проекти кои ќе бидат вградени во програмите на кандидатите за градоначалници на претстојните локални избори. Сајкоски нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ секогаш ги слуша потребите на народот и ги преточува во ...
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ денеска објави дека од 27 август до 3 септември на плоштадите на градовите ќе собира предлози од граѓаните за програмите со кои кандидатите за градоначалници ќе излезат на локалните избори. „За таа цел ангажирани се експерти, професори, истакнати личности од речиси сите струки, како и политичари од партијата со долгогодишно искуство. Овие експерти, ќе имаат за задача да ги преточат потребите на граѓаните во конкретни ...

