Тухел: Ништо не се менува, заминувам!

Пласманот во полуфиналето во Лигата на шампионите, и останувањето на Јулијан Нагелсман на кормилото на Германија, ја подгреа шпекулацијата дека можеби Томас Тухел на крајот ќе се премисли и дека ќе остане во Баерн.

Особено ова доаѓа на барање на навивачите, кои сакаат да остане Тухел, но очигледно дека тој и раководството имаат други планови. На прашањето дали ќе остане сега кога е јасно дека Нагелсман нема да се врати во Бааерн, Тухел одговори:

„Имам договор со клубот дека нашите патишта ќе се разминат во јуни. Тоа е веќе договорено, и тоа стои. Ништо нема да се смени, јас си заминувам“, рече Тухел.

Се вчитува...