„Дигитални јамки и замки“ – дискусија за справување со малициозни инциденти на интернет за време на избори


Делегацијата на Европската Унија и Јуроп хаус денеска во Велес организираат  дискусија насловена „Дигитални јамки и замки“ чија цел е преиспитување на личните и општествените капацитети за справување со организирани и изолирани малициозни инциденти на интернет за време на избори.


-Настанот го организира Делегацијата на Европската Унија во соработка со мрежата на Јуроп хаус во рамки на поставената соработка за градење отпорност кон дезинформации и промовирање на медиумската писменост во Северна Македонија, соопштија организаторите.


Говорници во дискусијата ќе бидат Мите Кузевски од Види вака, Борис Ристовски, ИТ-експерт од МЦМС, и Љубомир Давитков од ИТ. мк. хс/мд/Фото: МИА архива    .

Извор: МИА