Незадоволство во Манчестер Сити: Гвардиола го „прецрта“ 117 милионското засилување?

Пеп Гвардиола одлучил дека за Џек Грилиш повеќе нема место во Манчестер Сити, пренесува англискиот медиум „Фудбал Инсајдер“. Причината за оваа радикална промена се темели на незадоволството на шпанскиот стратег од настапите на Англичанецот на теренот, но и однесувањето во соблекувалната.

Манчестер Сити за напаѓачот издвои вртоглави 117 милиони евра во 2021 година, но не ги исполни очекувањата, поготовo оваа сезона во која постигна само три голови и три асистенции на 33 одиграни натпревари.

„Граѓаните“ престојното лето ќе бидат отворени за негов трансфер, но не се открива која сума ќе ја бараат за неговите услуги. Популарниот „Трансфермаркт“ го проценува Грилиш на 65 милиони евра со што е невозможно Манчестер Сити да ја врати издвоената сума.

Се вчитува...