Грузија ја научи лекцијата од Македонија: Победа над Грција на пенали и историски пласман на ЕП!

Селекцијата на Грузија направи историски успех, откако вечерва ја совлада репрезентацијата на Грција преку пенали. Грузијците не ја повторија грешката со Македонија од пред четири години, и сега успеаја да дојдат до пласман на Евро шампионатот.

Во регуларниот дел од средбата немаше голови, а ниту после продолженијата. 120-минутната битка заврши со неколку шанси. Имаше свои прилики и Грузија и Грција, Грците ја погодија и пречката во првото продолжение, додека Влаходимос спасуваше неколку чисти ситуации за домаќините, па победникот мораше да се решава на пенали.

Голем хендикеп за Грузија беше и повредата на Квича Кварацхелија, кој го напушти теренот во текот на продолженијата.

Пенал серијата одлично почна за Грузија, одбрани пенал Мамардашвили, но во третата серија и Грузија промаши, па така во четвртата серија се влезе со израмнет резултат. Меѓутоа во неа Грузија погоди, а Грција промаши, па така во петата серија Грузијците успеаја со гол и дефинитивно да се пласираат на Европско првенство.

Селекцијата на Грузија ќе игра во групата Ф на Европското првенство, заедно со Словачка, Португалија и Чешка.

Се вчитува...