Само во Јунајтед: Откако беа платени речиси 200 милиони евра, две ѕвезди бесплатно си одат од „Олд Трафорд“

Управата на Манчестер јунајтед предводена од косопственикот сер Џим Ретклиф налето планира да направи чистка на екипата и притоа е подготвена лесно да се откаже од играчи кои беа скапо платени.

Весникот „Дејли мејл“ пишува дека повеќе од десетмина фудбалери на Манчестер јунајтед налето ќе си заминат од „Олд Трафорд“, а меѓу нив се и бразилските репрезентативци Каземиро и Антони, кои беа платени речиси 200 милиони евра, а сега ќе можат да си одат бесплатно.

Наводно, управата планира по секоја цена да се ослободи од непотребните фудбалери и доколку не пристигне понуда за нив во летниот преоден рок, тогаш е подготвена бесплатно да ги пушти да си одат иако за дел од нив беа дадени големи суми пари за да дојдат на „Олд Трафорд“.

- Оглас -

Најнови вести