Поврзете се со нас

ВТА

Ѓорческа немаше сили за изненадување против 40. тенисерка на светот

Објавено

на

foto:www.facebook.com/tennislleida/

Најквалитетната македонска тенисерка, Лина Ѓорческа не успеа да излезе на крај со втората носителка на Челинџер турнирот во Леида, Катарина Синиакова.

Синиакова во моментов е 40. на ВТА ранг листата што доволно говори зошто го имаше статусот на апсолутен фаворит пред денешниот меч, статус кој го потврди и на теренот каде триумфира со 2-0 во сетови.

Средбата траеше 75 минути во кои Ѓорческа во двата сета успеа да освои по два гејма (6-2, 6-2).

Кога се во прашање македонските тенисерки, Магдалена Стоилковска го заврши настапот на фјучерсот во Куршумлијска Бања.

Стоилковска се соочи со првата фаворитка Димитра Павлу од Грција која првиот сет го доби со 6-2, додека во вториот при водство од 1-0, нашиот рекет го предаде мечот.

Турнирот во Куршумлијска Бања се игра на земјена подлога за фонд од 15.000 долари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни