Со новата генерација на батерии, опсегот на BMW електричните возила се зголемува за 30 проценти

од Vladimir Zorba

Групацијата BMW е убедена дека моќните, иновативни, одржливо произведени батерии ќе бидат клучни за успехот на индивидуалната електромобилност во иднина.

Компанијата е подготвена да воведе нова ера на е-мобилност од 2025 година со своите модели Neue Klasse – за прв пат користејќи ново развиени цилиндрични батериски ќелии оптимизирани за новата платформа, според „HAK“.

– Новоразвиената шеста генерација на нашите литиум-јонски ќелии ќе донесе голем напредок во технологијата што ќе ја зголеми густината на енергијата за повеќе од 20 проценти, ќе ја подобри брзината на полнење до 30 проценти и ќе го зголеми опсегот до 30 проценти – вели Френк Вебер, член на Управниот одбор на BMW AG одговорен за развој.

– За да ги задоволиме нашите долгорочни потреби, ќе изградиме фабрики за батериски ќелии со нашите партнери, секоја со годишен капацитет до 20 GWh, на шест локации на клучните за нас пазари: две во Кина, две во Европа и две во САД – додаде Јоаким Пост, член на Управниот одбор на BMW AG одговорен за набавки и мрежата на добавувачи.

– Постигнавме договор и со нашите партнери дека ќе користат процент од секундарниот материјал за суровини како литиум, кобалт и никел и употреба на зелена енергија за производство, со цел да се обезбеди производство со намалени емисии на CO2, додаваат од BMW.

Слични содржини