Во вториот круг на претседателските и парламентарни избори во штипскиот затвор гласаат 206 гласачи

Денеска гласаат затворениците во КПУ Затвор Штип. Гласањето за вториот круг на претседателските и парламентарните избори во избирачкото место 2307, во Казнено поправен дом Штип, започна навремено во седум часот, вели Адријана Хаџи-Николова, заменик претседател на избирачкото место. Во двата избирачки списоци има вклупно 206 гласачи.

„Го отворивме точно на време во седум часот имаме 206 гласачи и во двата избирачки списока за претседателските и за парламентарните избори. До сега има излезеност на 71 гласач. Се е во најдобар ред без проблеми.“ – изјави Хаџи-Николова

Децидна е дека процесот на гласање минува во најдобар ред. До овој момент своето право на глас го оствариле 71 гласач. Во првио круг на претседателските избори, право на глас имаа 203 гласачи.