3. издание на „Клинци“ во организација на „Култура Бета“ вечерва во Europe House Скопје

Вечерва (10.5.) со почеток во 20 часот во просториите на Europe House Скопје ќе се одржи третото издание на младинскиот мултимедијален настан „Клинци“.
Во рамки на настанот ќе се одржи книжевно читање во кое ќе учествуваат четири млади авторки: Ивана Јовановска, Моника Стојановска, Саранда Мехмеди и Софија Добревска, како и изложба на младата фотографка Валентина Миладинова.

Настанот е организација на Здружението за афирмација на младинската култура „Култура Бета“, а настанот ќе го модерира Андреј Медиќ Лазаревски.


„Клинци“ е мултимедијален настан во организација на „Култура Бета“. Целта е да се претстави творештвото на новата генерација македонски уметници. Во рамки на секое издание учествуваат четворица млади книжевници кои се претставуваат со своја поезија или проза, а во рамки на секое издание се одржува и изложба на визуелни дела. Ова е трето издание на „Клинци“ и се случува со поддршка на скопскиот Europe House.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Објавена книга посветена на битолскиот уметник Гастон Гамлиел

Деновиве од печат излезе книгата „Гастон Гамлиел” на авторот Александар Стеванов од Штип. Се работи …