Арда Туран прво ја „дезинфицирал собата“, а потоа следел пекол

7694

Арду Туран, играчот за врска кој играше за Барселона од 2015 до 2020 година, е обвинет од сопственикот на луксузната вила што турскиот играч ја изнајмил во Барселона, дека направил штета од 230.000 евра.

Меѓу другото, сопственикот на вилата изјави дека Турчинот и неговите пријатели искинале неколку завеси и се обиделе да ги претворат во „секс појаси и лулашки“.

Вилата има седум спални соби, девет бањи, дневна соба од 100 квадратни метри, кино сала, виртуелна соба за голф, гаража за осум автомобили и бесконечен базен од кој се гледа цела Барселона, пишува весникот „Ел Периодико“.

Весникот презентира и бројни докази од досието, во форма на повеќе од 500 фотографии на кои се гледа степенот на уништувањето од познатиот закупец: искинати ѕидови, оштетени парчиња мебел и електрични апарати и сметки за поправка.

Ваквата приказна добива на значење откако сопственикот на вилата откри дека Арда Туран првично бил личност опседната со чистота.

Имено, првото нешто што Турчинот го направил кога се вселил во вилата била општа дезинфекција на целата куќа со цел да се отстранат трагите од претходните станари кои „не биле муслимани“.

„Кога Арда и неговите пријатели гледале фудбалски натпревари и кога се постигнувал гол, го фрлиле далечинскиот управувач од телевизорот во базенот. Далечински управувач од илјада евра!

Мислам дека десет или петнаесет далечински завршија во вода. Ова е најдобриот знак дека не се грижи за ништо. Настрана од природното уништување на предметите низ куќата, беше јасно дека далечинското не лебди. Оставија траги од изгореници насекаде, вклучително и мебелот. Секој може да замисли дека во ваква посебна куќа не е ниту лесно, ниту ефтино да се поправи или замени каков било предмет“, вели сопственикот на вилата.

Сопственикот на вилата од поранешниот турски репрезентативец бара отштета од 16.500 евра за поправка на вратата, 23.000 евра за градината, 64.300 евра за кујната и 24.500 евра за реновирање на електронските системи во куќата.

Само за осветлување, чистење и други работи за одржување кои не се извршени според договорот, Арда Туран на сопствениците им должи уште 84.000 евра.

Еден од најдобрите фудбалери кои излегле од Турција, Арда Туран, отсекогаш бил контроверзен тип, на теренот и надвор од него. Кога беше во Атлетико (М), фрли вода кон судијата, а во 2015 година за 35 мил. евра се пресели од Атлетико во Барселона.