Скопјанец пријавил дека соученик го нападнал син му во приватно училиште

Фото: Google Maps

Жител на Скопје вчеравечер пријавил дека неговиот син бил нападнат во приватното училиште во Карпош во кое учел, соопшти МВР.

„На 22.11.2022 во 21.30 часот во Полициската станица Карпош, К.С.(54) од Скопје пријавил дека околу 11.00 часот во приватно училиште на подрачје на Карпош неговиот малолетен син бил физички нападнат од негов соученик“, се вели во полицискиот билтен.

По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот