Македонија

ЗАЕВ ГО ИСПОФАЛИ СДСМ И ПЕНДАРОВСКИ ВО ВИДЕО СПОТ: „Ја спасивме заробената Македонија од канџите на ВМРО-ДПМНЕ, мојот СДСМ ја има мојата поддршка“

ЗАЕВ ГО ИСПОФАЛИ СДСМ И ПЕНДАРОВСКИ ВО ВИДЕО СПОТ: „Ја спасивме заробената Македонија од канџите на ВМРО-ДПМНЕ, мојот СДСМ ја има мојата поддршка“

„Ја спасивме заробената Македонија од канџите на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ“, со овие зборови поранешниот премиер Зоран Заев го почнува говорот во својот промотивен видео спот за поддршка на кандидатот за претседател од редовите на СДСМ, Стево Пендаровски.

Заев потоа во својот пост на Фејсбук пишува:

„Да гласаме сите за европска иднина!

Ако се грижите за сопствената македонска земја, ако си го сакате својот народ, ако верувате во европскиот пат на татковината, ако не сте подготвени да се предадете и откажете од иднината, СДСМ и коалицијата за европска иднина се единствениот избор!

Немаме ние нови години за губење од оние кои божем Македонија ќе ја направеле ГОРДА, а истите тие цели 11 години ја правеа ГРДА“, вели тој.

Најнови вести од Македонија

To top