Малерозниот Анте Будимир го изведе најлошиот пенал во историјата и скрши три ребра (Видео)

Анте Будимир од Осасуна е најдобриот хрватски напаѓач во моментов, а синоќа се посрамоти како никогаш во кариерата изведувајќи го пеналот против Валенсија толку лошо, што многумина го нарекоа најлош пенал на сите времиња.

Будимир се залета, чекаше голманот Мамардашвили да тргне на една страна, но Грузиецот остана на средина и Хрватот подзастана, се збуни и како самиот да не знаеше што сака да направи, се сопна, се искриви и едвај ја шутна топката која беше лесен плен за голманот на Лилјаците, па Валенсија си освои три бода.

Утнатиот пенал со кој ќе му донесеше бод на својот тим е помалиот проблем за Будимир. По мечот, тој бил во болница, а снимките покажале дека има три скршени ребра и примил средство против болки. Ова е многу лоша вест за репрезентацијата на Хрватска бидејќи до почетокот на Европското првенство има уште два месеца, а сега му претстои пауза најмалку од еден месец.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести