Пред четири дена го шокираше Лацио, денеска му донесе победа на римскиот клуб

Луис Алберто беше човек на одлука за Лацио во триумфот од 0-1 на гостувањето против Џенова, за три бода со кои тимот на Игор Тудор успеа барем привремено да се искачи на шестото место на табелата.

Алберто пред само четири дена ги шокираше навивачите и го налути претседателот Лотито откако јавно објави дека е решен да си замине од клубот на крајот од сезонава. Тој останува еден од клучните играчи во тимот на Тудор сезонава, епитет што го оправда со постигнувањето на победничкиот гол во Џенова.

Се играше цврст фудбал без многу шанси пред „лацијалите“ да одработат одлична акција по десната страна, Фелипе Андерсон одигра извонредна повратна топка, а Алберто немаше тешка задача да стрела во мрежата.

За Лацио ова е четврта победа во последните пет калчолигашки дуели, јасен знак дека овој тим излезе од кризата по заминувањето на Сари и доаѓањето на Игор Тудор на тренерската функција.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...